понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Бегај преќутно го аминува законот за задолжителна работа од пет години на студентите по медицина

Бегај преќутно го аминува законот за задолжителна работа од пет години на студентите по медицина

Претседателот Бајрам Бегај (не) ги послуша студентите по медицина, кои, од него побараа да не го потпишува законот, со кој тие задолжително треба да работат пет години по завршувањето на студиите, по што би ги добиле дипломите.

Рокот до кој требаше да го потпише законот измина синоќа на полноќ. Тој не го потпиша законот, ниту го врати на повторно разгледување во албанскиот парламент. Па така премолченмо законот стапува во сила по објавувањето во службен весник.

Истиот начин Бегај го ” примени” и за законот за “производство на марихуна за медицински цели” и двата изгласани на 20 минатиот месец само од пратениците на  владејачкото мнозинство.

По неколкуте протести во знак на незадоволство, претставници на студентите се сретнаа со шефот на државата, кој им вети дека детално ќе го анализира ова прашање. Тие тогаш најавија дека, доколку не се слушне нивниот глас,  законот ќе го оспорат пред Уставниот суд.

Образложението на владата за донесувањето на законот за задолжителна работа на лекарите е масовното заминување на белите мантили во други земји, главно во Германија и Италија. Во последната деценија Албанија, според нивните друштва, ја напуштиле најмалку 4 илјади лекари и 10 илјади медицински сестри, за подобра плата и услови за работа, што услови недостиг на овој кадар во земјата.

Како што потврдија од Медицинскиот факултет во Тирана токму поради овој закон бројот на пријавените завршени средношколци за упис е помал за 40 отсто споредено со минатата година.  (МИА)