сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен криумчар на мигранти од Зелениково

Приведен криумчар на мигранти од Зелениково

На 17.08.2023 во 16.00 часот на автобуска постојка на влез во с.Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода М.Ѓ.(37) од с.Пакошево, општина Зелениково.

Имено, околу 15.40 часот на регионалниот пат Прдејци – Смоквица, полициските службеници затекнале 24 лица мигранти. По извршен разговор со нив било констатирано дека М.Ѓ. ги превезувал со возило комбе „форд транзит“ со гевгелиски регистарски ознаки, со кое запрел на наплатната рампа Смоквица и побегнал. По преземени мерки возилото било пронајдено и во негова близина биле затекнати седум лица мигранти, по што бил пронајден и возачот М.Ѓ..

Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите билe привремено сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.