среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ал Хилал исплати 20 милиони евра за неостварената трансфер цел на Реал

Ал Хилал исплати 20 милиони евра за неостварената трансфер цел на Реал

Реал Мадрид го пикираше Јасин Боно како идеална замена за Тибо Куртоа и беше прв на листата на Флорентино Перез, но претседателот на Реал Мадрид се премисли откако ја слушна сумата која ја побара андалузискиот клуб.

20-те милиони евра кои ги побара Севилја беа премногу за првиот човек на Реал, кој од друга страна сакаше и само привремено решение и голман кој би пристигнал на позајмица.

Поради тоа, Перез се откажа од Боно и експресно го договори Кепа Аризабалага, но тоа не значеше дека Мароканецот нема да направи трансфер ова лето.

Парите кои не сакаше да ги исплати Реал не претставуваа никаков проблем за Ал Хилал, кој вечерва и официјално го потврди ангажманот на искусниот чувар на мрежата.