вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Семејства на убиените деца во „Рибникар“ ја тужат државата и училиштето

Семејства на убиените деца во „Рибникар“ ја тужат државата и училиштето

Семејство на едно дете убиено во мај, во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, поднело тужба против државата Србија, додека друго семејство го тужи и училиштето во кое се случи масовното убиство.

Членови на семејствата на децата убиени во тоа училиште поднеле приватна тужба против 14-годишното момче убиец К.К. и неговите родители за надомест на нематеријална штета, објавија српски медиуми.

Порталот Нова.рс наведува дека едно семејство ја тужи државата, а друго и училиштето.

Има вкупно 27 тужители.

Ученикот на училиштето К.К. на 3 мај уби осум девојчиња, едно момче и службеник на обезбедувањето, а рани пет ученици и наставничка.