петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Во сообраќаjна несреќа загинаа седум навивачи на Коринтијанс

Во сообраќаjна несреќа загинаа седум навивачи на Коринтијанс

Седум навивачи на Коринтијанс трагично загинаа кога автобусот во кој патуваа на гостувањето доживеа сообраќајна несреќа.

Коринтијанс му беше домаќин на Крузеиро во Бело Хоризонте, а таму ја имаа поддршката од своите верни навивачи. Но, за жал, по враќањето дома, автобусот се превртел, а животот го загубиле седум лица.

Уште 36 патници се тешко повредени, а во автобусот имало вкупно 46 навивачи. Очевидци изјавија дека автобусот не можел да закочи и се превртел во обид да избегне судар со друг автобус.