сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кин подбра двајца фудбалери на Јунајтед:

Кин подбра двајца фудбалери на Јунајтед:

Рој Кин не го криеше разочарувањето од изданието на Манчестер Јунајтед за Тотенхем и донесе брутален заклучок по поразот од 2:0, односно нагласи дека „црвените ѓаволи“ полека се претвораат во нов Тотенхем.

Кин испрати низа критики за Бруно Фернандеш и летното засилување Мејсон Маунт, играчи за кои заклучи дека не се подготвени да им помогнат на соиграчите во одбрана, а не прават доволно квалитетна разлика и во нападот.

– Двајцата изгледаа прелесно во секој дуел. Има играчи кои не ви даваат ништо кога немате посед на топката и кога ги бркате противниците. Во нормални фудбалски услови, може да носите на грб еден или двајца такви играчи кои знаат да донесат победа во секој момент, но Јунајтед во овој тим има преголем број на такви играчи кои не трчаат во одбрана. Може да им простите на такви играчи ако прават клучна разлика во нападот, но Бруно и Маунт не ја прават. Кога ги гледав Маунт и Бруно без посед на топката, изгледаа како средношколци, – заклучи Кин.