среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од Аеродром и Центар утре ќе останат без вода

Делови од Аеродром и Центар утре ќе останат без вода

Согласно добиените информации од ЈП Водовод и канализација планирани прекини на водоснабдување ќе имаат следните корисници:

На ден 22.08.2023 поради промена на шибер Ф-80 мм во главна шахта на Бул.Јане Сандански бр.83 во населба Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Бул.Јане Сандански од број 51 до број 109 о. Аеродром. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.

На ден 22.08.2023 поради уличен дефект на ул.Преспанска бр.11 ќе се изврши испитување на водоводната мрежа. Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од нас. Маџир Маало о. Центар , а водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на интервенцијата.