сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Васовски нов тренер на ФК Вардар, во клубот се враќа и голема спортска легенда

Васовски нов тренер на ФК Вардар, во клубот се враќа и голема спортска легенда

ФК Вардар соопштува дека од денес за нов тренер на клубот е назначен Александар Васовски – Тетовче, играчка легенда на клубот и човек под чие водство ФК Вардар ја освои последната шампионска титула во 2019 година.

-Покрај него, во клубот се враќа и големата спортска легенда Ѓокица Ѓоко Хаџиевски, најтрофејниот Вардаров тренер и човекот кој со “црвено-црните” има освено вкупно пет шампионски титули и два национални купа. Веруваме дека со неговото богато интернационално тренерско искуство и знаење, ќе биде од огромна помош за тренерот Васовски, но и за целокупниот тим. Особено не радува искрениот пристап на двајцата тренери, кои веднаш и без размислување ја прифатија понудата на клубот. Сметаме дека спојот на професионализам и искуство и на желбата и знаењето, ќе биде темелот врз кој во понатамошниот период ќе се развива клубот, градејќи го постепено потребниот победнички менталитет, соопштија од Вардар.

Првиот официјален натпревар за тренерот Васовски, како и за Ѓоко Хаџиевски ќе биде веќе во среда, против екипата на Силекс, кој Вардар ќе го одигра на стадионот “Борис Трајковски” во населбата Маџари, со почеток од 16:30 часот,

Вардар ги поканува сите навивачи на клубот да присуствуваат на натпреварот, да ги поздрават Вардарови легенди и да им дадат поддршка на фудбалерите, за да стигнат до првата победа.