четврток, 1. февруари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Хас го потврди возачкиот тандем за следната Ф1 сезона

Хас го потврди возачкиот тандем за следната Ф1 сезона

Формула 1 сезоната е во тек и продолжува по кратката летна пауза со трка во Холандија, а Хас уште денеска потврди какви се плановите на тимот за следната година.

Овој тим официјализираше дека и следната сезона возачкиот тандем ќе биде составен од Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен, што значи дека во Хас имаат голема доверба во искусните пилоти и не сакаат да менуваат ништо.

Хулкенберг беше ангажиран како замена за Мик Шумахер, кој не успеа да обезбеди подолг престој во редовите на Хас, додека Магнусен го замени Никита Мазепин, кој пак беше заменет по руската инвазија на Украина.

Во досегашниот тек на сезоната, Хулкенберг има подобри резултати од Магнусен, постојано имајќи предност во квалификациите, а успеа да освои и седмо место на трката во Австралија. Хулкенберг досега собра 9, додека Магнусен има само 2 поена.