четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тер Штеген го продолжи договорот со Барселона

Тер Штеген го продолжи договорот со Барселона

Шпанскиот фудбалски клуб Барселона објави дека голманот Марк Андре тер Штеген потпишал нов договор со важност до 30 јуни 2028 година. Во договорот на Германецот е ставена и откупна клаузула од 500 милиони евра.

Тер Штеген и се приклучи на Барселона во мај 2014 година од Борусија Менхенгладбах. За девет години во клубот, освои пет шампионски титули, пет шпански Купа, по еднаш во ЛШ и Светско клупско првенство.