вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Миовски не знае за доста, во СТОТАТА минута донесе реми за Абердин

Миовски не знае за доста, во СТОТАТА минута донесе реми за Абердин

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски игра во страшна форма во новата сезона. По незгодната повреда со која се здоби во финишот од ланскиот шампионат во Шкотска нашиот голгетер речиси и да нема натпревар на кој не постигна гол.

Така беше во четвртокот, кога беше главен актер во ремито на гости против Хакен, а така е и денес во Премиер лигата на Шкотска. Миовски во стотата минута беше сигурен од единаесет метри, за 2-2 и голем бод на Абердин на гостувањето кај Сент Мирен.