среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УХМР со најнова временска прогноза: Утре попладне променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

УХМР со најнова временска прогноза: Утре попладне променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Под влијание на атмосферски фронт утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Дневната температура ќе се намали за пет до осум степени.

УХМР во случај на појава на електрични празнења препорачува поголема внимателност, како и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Најнови вести