сабота, 10. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Жорди Алба стави крај на репрезентативната кариера

Жорди Алба стави крај на репрезентативната кариера

Жорди Алба се реши да ја прекине репрезентативната кариера. Алба за „црвената фурија“ одигра 93 натпревари, и постигна 10 гола.

Тој ја освои титулата европски првак во 2012 година, и даде гол во финалето против Италија, но не беше дел од Шпанија која ја освои титулата светски првак затоа што дебитираше во 2011 година за својата репрезентација.

Алба исто така има трофеј и во Лигата на Нации. Во финалето во ова натпреварување, ја носеше и капитенската лента на селекцијата.

Ова лето 34-годишниот Алба се реши да настапува во МЛС лигата, и да му се приклучи на Лионел Меси во тимот на Интер Мајами.