недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ван Дајк пред добивање на сериозна казна поради кавгата со судијата Брукс

Ван Дајк пред добивање на сериозна казна поради кавгата со судијата Брукс

Дисциплинската комисија при Англиската фудбалска федерација, поведе постапка против капитенот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк. Холандскиот дефанзивец заработи директен црвен картон на мечот против Њукасл, по што влезе во жесток вербален конфликт со главниот судија.

Стоперот направи прекршок врз Александар Исак, а судијата Џон Брукс му го покажа патот кон соблекувалната. Ван Дајк не можеше да се помири со оваа одлука и долго се расправаше со арбитрите, но сепак одлуката не беше променета.

„Покрената е дополнителна дисциплинска постапка против Ван Дајк. Тој го прекрши Е3.1 правилото на федерацијата и имаше сериозен вербален конфликт со судиската четворка. Наскоро ќе биде соопштена конечната одлука“, стои во краткото соопштение од дисциплинската комисија.