понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Интер Мајами за првпат остана без гол по доаѓањето на Меси, Тата Мартино смирува: Се може да се случи (ВИДЕО)

Интер Мајами за првпат остана без гол по доаѓањето на Меси, Тата Мартино смирува: Се може да се случи (ВИДЕО)
foto:twitter.com/InterMiamiCF

Интер Мајами не успеа да дојде до посакуваните бода во пресметката со Нешвил во МЛС лигата, поточно ова беше прв меч во кој клубот од Флорида остана без погодок (0-0) по доаѓањето на големата ѕвезда Лионел Меси.

Домаќините се обидуваа да го скршат отпорот на противникот кого пред некое време го совладаа во рамките на Лига Купот, ама тој нивен труд не вроди со плод и мораа да се задоволат со реми.

Со ова Интер Мајами останува на минус десет бода од местата кои водат во плејофот, но тренерот Тата Мартино е оптимист и верука дека се е возможно.

-Она што треба да направиме е да продолжиме понатаму. Сè може да се случи. Нешвил е тим кој добро се брани, а денес мислам дека беа малку подлабоки отколку во финалето. Нашиот тим имаше повеќе ритам во второто полувреме отколку во првото полувреме, парадоксално, најдобри ситуации беа двете шанси на Тејлор во првото полувреме. Во првото полувреме топката се движеше премногу бавно; во вториот дел мислам дека бевме подобри, но тешко ни беше. Овие натпревари обично се случуваат, ја разбирам фрустрацијата на сите, -порача Мартино.

Следниот меч за Алба, Меси, Бускетс и другарите е против Лос Анџелес.