недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Грчката крајбрежна служба во шест случаи спасила над 200 бегалци и мигранти

Грчката крајбрежна служба во шест случаи спасила над 200 бегалци и мигранти

Во шест одвоени случаи на различни локации во Грција, во морските делови во близина на острови, грчката крајбрежна служба вчера и денеска открила и спасила 218 бегалци и мигранти, а биле уапсени вкупно седум криумчари, јави дописничката на МИА од Атина.

Рано утрово во близина на островот Китнос од чамец во неповолна позиција биле спасени 80 лица, меѓу кои шест деца, а биле уапсени тројца странски државјани, од Молдавија, Украина и Ирак како криумчари.

Група од 28 мигранти и бегалци била спасени од чамец во близина на Самос, сите во добра здравствена состојба биле пренесени во профатниот центар на островот, додека пак вчера, исто така на Самос биле спасени 17 лица.

Во текот на вчерашниот ден, спасувачки акции имало и во близина на островите Сими, Евија и Миконос.

На Миконос била откриена група од 51 странски државјанин кои немале патни исправи, а подоцна биле пронајдени три лица под сомнение дека се криумчари и веднаш биле уапсени.

Во близина на плажа на островот Евија пак, била пронајдена група од 30 лица, кои исто така немале лични документи и изјавиле дека тргнале од Турција, а југозападно од островот Сими што се наоѓа во близина на турското крајбрежје, вчера биле спасени 12 мигранти.

Во изминатиот период, зголемен е бројот на бегалци и мигранти кои се обидуваат нелегално да стигнат на грчките острови.