петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Јунајтед експресно договори лев бек од Тотенхем

Манчестер Јунајтед експресно договори лев бек од Тотенхем

Планот на Јунајтед е да доведе играч на позајмица за да го замени отсуството на повредениот Лук Шо, а бидејќи целта не е да се купи дефанзивец на долгорочен план, конечниот избор паднал на Серхио Регилон.

Последните вести од Англија велат дека „ѓаволите“ во рекордно време успеале да се договорат со Тотенхем и договориле заем на Регилон, кој според информациите на добро упатените новинари за трансфер, веќе ги минал медицинските прегледи.

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид ќе пристигна во Јунајтед како опција плус за Тен Хаг на левата страна, а клубот ќе нема право на откуп по крајот на сезоната.