среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Арда се опоравува од повредата со асистенција од подмладокот на Модриќ (ВИДЕО)

Арда се опоравува од повредата со асистенција од подмладокот на Модриќ (ВИДЕО)

Арда Ѓулер мораше да направи операција на коленото за да го санира проблемот со менискусот, а тоа го одложи неговото деби во првиот тим на Реал Мадрид.

Фудбалскиот бисер од Турција пристигна во летниот преоден рок и со својот потенцијал брзо привлече големо внимание, но за жал фановите на Реал ќе мора да почекаат за да го видат на терените.

Карло Анчелоти минатата седмица изјави дека Ѓулер може да се стави на располагање на тимот по репрезентативната пауза која следи, а сега пристигна потврда дека работи со полна пареа.

Талентираниот Турчин постојано објавува видеа од теретаната во Валдебебас, но на последниот тренинг добил специјална асистенција за време на вежбите.

Ѓулер го тагна Лука Модриќ на социјалните мрежи и долови како неговата мала ќерка му помага побрзо да се врати на терените.