Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека една силна држава треба да е подготвена за секаква ситуација и во името на тоа да обезбеди траен мир.
– Тајната на успехот на државите се крие во подготвеноста за војна во секое време, ако тие сакаат мир. Ние сме подготвени со сė со што располагаме – нагласи Ердоган на средба со амбасадорите во Анкара.
– Тираните на светскиот систем не може грубо да посегнуваат на нашите постигнувања, за кои сме платиле со крв -додаде тој на адреса на САД, јави ДПА.
Во истото обраќање тој рече дека државата се наоѓа под економска „опсада“ која нема ништо заедничко со економските показатели.
Тој додаде дека очекува да продлжат нападите врз турската економија.
Турската лира е на нов рекорден минимум во однос на доларот (7-1).
Ердоган наведе дека акциите на САД се удар во грбот на Анкара и дека се појавува „економски терор“ што се води на социјалните медиуми, но според него „ќе има казни за сите предавници“. (МИА)