среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Ковачевски треба да одговори зошто системот со кои што се следеле лековите, не функционира и кој дал наредба истиот да биде ставен во подрум?

Мицкоски: Ковачевски треба да одговори зошто системот со кои што се следеле лековите, не функционира и кој дал наредба истиот да биде ставен во подрум?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на Димитар Ковачевски дека случајот со Онкологија не треба да се генерализира и дека ќе има одговорност за сите, рече дека Ковачевски прво мора да одговори зошто системот со кои се следеле лековите не функционира и кој е тој кој дал наредба истиот наместо да е во функција да биде ставен во подрум.

-Ковачевски треба да одговори зошто системот со кои што се следеле лековите, не функционира. Кој е тој што наредил наместо тој систем да биде функционален, да биде ставен во подрум и зошто оние кои што ќе платат добиваат соодветен медицински третман, а они кои што не можат да платат се оставени на милост и немилост во тешка мака да умираат, вели Мицкоски.

Претседателот Мицкоски истакна дека има многу прашања и одговори, но многу наскоро тие одговори ќе ги даде идната влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, укажувајќи дека ќе има одговорност за секој кој се огрешил.

-Има многу прашања и многу одговори. И верувајте дека многу наскоро од сега ќе ги добиеме тие одговори како идна влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, дециден е Мицкоски.

Најнови вести