среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бабунски: Се надевам дека ќе ѝ парираме на Италија

Бабунски: Се надевам дека ќе ѝ парираме на Италија

По собирот во хотелот „Хилтон“ македонската фудбалска репрезентација попладнево го одработен и првиот тренинг. Своите очекувања пред мечот со Италија ги сподели напаѓачот Доријан Бабунски.

„Очекувам да се претставиме во добро светло. Имаме искуство како тим, но Италија е светска сила и мораме да бидеме максимално подготвени. Повеќето од нас веќе играа со „аѕурите“ и мислам дека тоа може да во наша корист. Се надевам дека ќе собереме нова енергија и нема да ги повторуваме нашите грешки од последните натпревари. 

Да се фокусираме на подобрување на сите аспекти од нашата игра и ќе дадеме сѐ од себе за да извлечеме поволен резултат. Историјата е историја, не треба да гледаме назад. Треба да видиме како може да ѝ парираме на Италија. Секој играч носи позитивна енергија, сплотени сме, си помагаме еден на друг и мислам дека со позитивен менталитет, можеме да оствариме добри резултати“, рече новиот фудбалер на швајцарски  Грасхоперс.