понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Алкараз преку Арналди за пласман во четвртфиналето на УС Опен

Алкараз преку Арналди за пласман во четвртфиналето на УС Опен

Карлос Алкараз очекувано без посериозен напор во три сета го совлада италијанскиот тенисер Матео Арналди и се пласираше во четвртфиналето на УС Опен.

Алкараз мечот го доби со 6-3, 6-3 и 6-4. Шпанскиот тениски ас за два часа го среди својот противник и избори место меѓу осумте најдобри.

Во четвртфиналето Алкараз ќе игра против победникот од дуелот меѓу Зверев и Синер.