четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Муслиу: Против Италија за радост на нашите навивачи

Муслиу: Против Италија за радост на нашите навивачи

Македонската фудбалска репрезентација во сабота ја пречекува Италија во квалификациски меч. Овој дуел доаѓа по двата  порази од Украина и Англија. во рамките на квалификациите за пласман на ЕП.

Сакаме да се покажеме во колку што е можно подобро светло. Да се покажеме дека сме подобро подготвени физички, технички, тактички за разлика од претходните натпревари. Да го покажеме тоа на терен“, вели Муслиу.

„Италија има свои планови, ние имаме наши. Страв нормално дека нема да има, не играме првпат против Европскиот шампион, треба само да се придржуваме до нашиот план. Сега почнуваме од нула, треба што побрзо да ги заборавиме претходните два натпревари. Повеќе боли мечот со Украина отколку тој со Англија. Но сето тоа е заборавено од нас и гледаме само напред“ – завтши во својата изјава Муслиу.