петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Донарума: Сите се сеќаваме што се случи во Палермо

Донарума: Сите се сеќаваме што се случи во Палермо

Голманот на италијанската фудбалска репрезентација, Џиџи Донарума сепак си има свој коментар за претстојниот дуел со Македонија.

“Саботниот меч нема да биде одмазда. Пред се треба да се грижиме како играме ние. Пред нас е деликатен предизвик, и сите се сеќаваме што се случи во Палермо“ изјави Донарума кој сеуште во глава му се врти тој меч и таа 90+2.минута кога Трајковски од 25 метри му даде гол и со тоа и донесе победа на Македонија.

“Јас не бев на голот во 2016 кога победивме со 2:3, но јас бев тогаш во Скопје, тогаш Буфон бранеше. И тогаш не беше лесно, свесни сме дека и во сабота нема да биде лесно“ рече покрај другото голманот на репрезентацијата на Италија.