Во трговски центар на подрачје на Карпош, денеска околу 5:30 часот полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.С.(18) од Скопје.
-Тој бил затекнат при извршување кривично дело „тешка кражба“ во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Ј. од Скопје, информира МВР.
Одземеното било пронајдено, како и предмети со кои го извршил делото. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.