четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведено лице од гостиварско поради бесправна сеча на дрва

Приведено лице од гостиварско поради бесправна сеча на дрва

На 08.09.2023 во 08.20 часот во с.Орќуше, гостиварско, полициски службеници од Полициска станица Гостивар го лишиле од слобода Н.О.(57) од истото село.

Тој околу 07.30 часот во шума во атар на с.Орќуше бил затекнат како врши бесправна сеча на огревно дрво.

Кај пријавениот биле пронајдени и одземени исечените огревни дрва и алатот со кој ја вршел сечата, кои се предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.