среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Флик: Јас сум вистинскиот селектор за оваа репрезентацију

Флик: Јас сум вистинскиот селектор за оваа репрезентацију

Фудбалската репрезентација на Германија беше неочекувано декласирана од селекцијата на Јапонија среде Волфсбург со 1:4.

Тоа е шокантен резултат за домашната екипа, бидејки скоро никој не очекуваше ваков резултат, па дури и најголемите оптимисти од Јапонија.

Гостите до предност доаѓаат во 11. минута, за во 19. Германија да изедначи преку Сане на 1:1. Но пред да се оди на одмор, гостите повторно ја враќаат предноста (1:2).

Во вториот дел продолжи бледата игра на Германија, а Јапонија го зачини натпреварот со уште два гола за конечни 1:4.

Фановите на Германија веќе го повикаа селекторот Ханси Флик да отстапи од селекторската функција, бидејки резултатите под негово раководство се шокантно.

Се обидуваме да го подготвиме тимот перфектно, мислам дека работиме добро, сметам дека јас сум вистинскиот човек за клупата на Германија“, порача Ханси Флик по натпреварот.

Во октомври играат против Америка и Мексико, а во ноември играат против Австрија и ако не им тргне на подобро, тешко дека Флик ќе ја преживее оваа календарска година.