петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Елези: Мечот со Малта е друга приказна, сега ние сме тие кои треба да играат со топка!

Елези: Мечот со Малта е друга приказна, сега ние сме тие кои треба да играат со топка!

22-годишниот фудбалер на Вараждин, Агон Елези кој доби место во стартниот состав против Италија, вели дека мечот против Малта ќе биде сосема поинаков, нашата улога ќе биде друга.

Македонија дојде до голем бод против Италија, но против Малта фаворитската улога и притисокот за победа ги имаме ние.

„Среќен сум за освоениот бод против Италија и за тоа што добив шанса да играм од прва минута. Тоа за мене е голема работа. Имавме свој план кој мислам дека многу добро го одработивме, да ги елиминираме шансите на Италија и преку контра и полуконтра да креираме наши можности. Мислам дека создадовме доволно шанси, дечките покажаа карактер до крај да се одигра на високо ниво против европскиот шампион. Тоа беше заслужен бод против еден така силен противник. Сега гледаме кон Малта, меч на кој одиме на победа“, вели Елези.

„Мечот со Малта е сосема друга приказна. Ова е меч во кој ние треба да наметнеме свое темпо, свој ритам, да потврдиме дека резултатот против Италија не беше случаен. Нормално дека ќе биде потешко бидејќи ние сега ќе треба да играме со топка, да нападнеме. Но не се сомневам во овие момци, овои момци многупати досега покажаа дека можат да се носат со секаков притисок. Уверен сум дека ќе дадеме максимум и се надевам на позитивен резултат. Позитивен резултат е три бода, утре треба да покажеме уште еднаш дека Македонија вреди, Македонија има квалитет и Македонија може да игра против секаков вид на екипи“.

извор: 24fudbal.mk