среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Скалони откри зошто Меси не играше против Боливија

Скалони откри зошто Меси не играше против Боливија

Актуелниот светски шампион Аргентина славеше и во вториот натпревар во квалификациите во Јужна Америка за Мундијалот во 2026 година.

Иако во тимот на „гаучосите“ за овој меч не беше најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси, Аргентина славеше на гостувањето кај Боливија со 0-3.

Селекторот Лионел Скалони по мечот откри зошто не можел да смета на својот најдобар фудбалер.

„Лео не беше подготвен за игра. Тој не се чувствуваше добро и не сакавме да ризикуваме. Не беше потребно да се ризикува бидејќи има доволно време до крајот на квалификациите и доаѓаат важни мечеви“, изјави Скалони.