На 12.09.2023 во 10:10 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на бул.„Македонија“ во Кавадарци, малолетник од Кавадарци, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка на тротинетот, констатирани во Општа болница Кавадарци.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, а за настанот бил известен јавен обвинител.