среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Џејдон Санчо останува надвор од првиот тим на Манчестер Јунајтед

Џејдон Санчо останува надвор од првиот тим на Манчестер Јунајтед

Ерик Тен Хаг уште еднаш покажа дека нема да трпи недисциплина и јавни критики од фудбалерите. Холанѓанецот е во „војна“ со Џејдон Санчо. Крилниот фудбалер прво беше ставен на посебен режим за тренинзи, поради „недоволно залагање со групата“. Тоа го предизвика Санчо да зборува јавно, меѓутоа на Тен Хаг ниту малку не му се допадна постапката.

Сега, Санчо доби санкција од страна на клубот. Имено, тој останува на посебен режим на тренинзи и ќе биде одвоен од првиот тим поради недисциплина.

„Џејдон Санчо останува на посебен режим со персонални тренинзи, одвоен од првиот тим. Оваа одлука важи до крајот на процесот кој се води поради негова недисциплина“, стои во соопштението на Јунајтед.