вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Вработена во „Комунално“ украла и користела туѓи платежни картички

Вработена во „Комунално“ украла и користела туѓи платежни картички

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.М.(50) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување“ и „неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Пријавената, вработена во ЈП „Комунално“ во Струга, на 16.08.2023 и 18.08.2023, неовластено одзела платежни картички од две лица кои при наплата ги заборавиле на пултот, по што ги користела за свои потреби.