Напаѓачот Марио Манџукиќ преку порака на Инстаграм објави повлекување од репрезентацијата на Хрватска.
Манџукиќ има 89 настапи и 33 гола во дресот на репрезентацијата, кои стигнаа до историското второ место на Светското првенство во Русија.
-Не постои совршен момент за повлекување од националниот тим, но сребрен медал од Светското првенство ми даде сила да го направам овој важен чекор, напиша меѓу другото 32-годишниот напаѓач на Јувентус.
(Миа)