Германскиот весник „Билд“ тврди дека Јулијан Нагелсман наскоро и официјално ќе биде потврден за нов селектор на Германија.
Германската фудбалска федерација и Нагелсман постигнале начелен договор за селекторското столче.
Остануваат уште некои ситни детали да се договорат па соработката и официјално да биде потпишана.
Неговиот договор ќе биде со важност до крајот на Европското првенство 2024 година.