среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во моментите кога се срушил бил под мостот: Бил исфрлен десет метри, чудо е како останал жив (ВИДЕО)

Во моментите кога се срушил бил под мостот: Бил исфрлен десет метри, чудо е како останал жив (ВИДЕО)

Еден сведок на денешната трагедија во Џенова, кога дошло до рушење на мостот на автопатот А10 и страдаа најмалку 35 луѓе, вели дека вистинско „чудо“ што преживеал.

Средовечен човек за локална италијанска телевизија кажал дека стоел покрај својот камион под мостот во Џенова кога структурата се срушила, а прашокот го исфрлил десет метри во еден ѕид.

-Бев пред камионот и одлетав како и се останато. Да мислам дека е чудо што преживеав. Потполно сум без зборови, додава тој.

Италијанската агенција Анса, претходно извести дека најмалку 35 лица, меѓу кои и едно бебе, страдале денеска кога во силното невреме, пратено со грмежи, дошло до рушење на мост во близина на Џенова.

Италијанскиот министер за сообраќај Данило Тонинели рушењето на мостот го нарече „неприфатливо“, додавајќи дека ако причината за оваа трагедија е невнимание, „ќе плати кој и да ја направил грешката“.

Над стотина спасувачки екипи со кучиња трагачи бараат низ рушевините во потрага по жртвите. Мостот Моранди, дел од автопатот А10, се сруши денеска откако го погоди гром, според тврдењата на сведоците.

-Беше нешто пред 11:30 часот кога гром го погоди мостот и тој се сруши, вели сведокот Пјетро М. за Анса. Ројтерс наведува дека надвозникот е изграден во 60-тите години од минатиот век, а реконструиран во 2016-та година.