четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 35 лица загинаа при рушењето на мостот: Што доведе до трагедијата во Џенова?

Најмалку 35 лица загинаа при рушењето на мостот: Што доведе до трагедијата во Џенова?

Во денешната трагедија кога се сруши мост во Џенова, Италија, загинаа досега најмалку 35 лица.

Вистинската причина за рушењето уште не е позната , но постојат неколку теории околу тоа што довело до оваа трагедија.

Мостот Моранди е пуштен за користење на четврти септември 1967-ма година, после четири години градење. Името го добил по проектантот, инженерот Рикардо Моранди, долг е 1.182 метри, а низ годините е мета на критики поради својата проблематична конструкција, пишува италијанскиот весник Кориере Дела Сера, каде додаваат дека токму тоа може и да е причината за трагедијата.

Мостот минува над трговски центри, фабрики, станбени згради, железничката пруга Џенова- Милано и реката Полцевера, а и е дел од автопатот А10. Мостот бил тема на расправа на инженерите поради големите трошоци за одржување кои во еден момент требало да ги поминат самите трошоци за неговата изградба, поради што некои бараа да се сруши истиот и да се направи нов.

Ројтерс пишува дека мостот бил обновен пред две години, а управителот на автопатот истакна дека во време на колапсот траеле работите и зацврстувањето на неговите темели, како и дека мостот бил под постојан надзор.

Италијанска Република, пренесува изјави на четиричлено семејство во состојба на шок, за тоа дека гром погодил еден од столбовите на мостот, после што цементот почнал да се распаѓа, но наведува дека веројатно станува збор за сугестија во барањето причина за можната причина за несреќата.

Експертите наведуваат дека покрај лошата конструкција, дополнителен проблем би можел да биде и фактот дека се работи за мост преку кој дневно минуваат десетици илјади возила, што доведува до дополнителна деградација на конструкцијата.

Истрагата е во тек, како и акцијата за спасување. Се стравува дека до утре сабајле бројот на мртви би можел да биде уште поголем од оној во моментов, досега официјално има 35 жртви, меѓу кои и едно бебе.