недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во скопски Аеродром, пронајдена дрога и приведен дилер

Претрес во скопски Аеродром, пронајдена дрога и приведен дилер

На 20.09.2022 во 15:00 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.Г.(21) од Скопје.

При претрес во неговиот дом на подрачјето на Аеродром, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.