среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мигранти од Сирија најдени во Македонија, возачот им избегал на полицајците

Мигранти од Сирија најдени во Македонија, возачот им избегал на полицајците

На 24.09.2023 околу 18:40 часот на влез во с.Четирце, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот забележале како од патничко возило „опел вектра“, со скопски регистарски ознаки, излегуваат пет лица мигранти, по што возачот не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници и го напуштил местото.

На местото биле затекнати пет лица мигранти од Сирија кои биле сместени во Прифатно – транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.