На 25.09.2023 околу 03:20 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода М.А.(31) од с.Злетово, пробиштипско.
Тој се сомничи дека околу 22.00 часот се заканувал на лице вработено како обезбедување во казино во Пробиштип, по што со остар предмет ја оштетил касата во казиното.
М.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.