среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пет години од смртта на македонската фудбалска легенда Благој Истатов

Пет години од смртта на македонската фудбалска легенда Благој Истатов

Денеска се навршуваат пет години од смртта на македонската фудбалска легенда Благој Истатов.

Поранешниот голман на струмичка Беласица, Победа од Прилеп, Партизан од Белград и Утрехт од Холандија почина на 27 септември 2018 година, на 71 година.

Беше тренер на повеќе клубови во земјава и странство по завршувањето на кариерата, а најголемите успеси ги постигна со Беласица, меѓу кои и пласман во некогашната Единствена втора лига на Југославија.

Истатов беше член и на Стручниот штаб на македонската фудбалска репрезентација како тренер на голманите, а потоа се вклучи во работата на ФФМ како член на Управниот одбор.

Повеќе години живееше во Нов Дојран, каде има формирано своја фудбалска школа и беше сопственик на спортски комплекс и хотел, каде се подготвуваа многу екипи од земјава и странство.