четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Африканскиот Куп на нации се враќа во Мароко после 35 години

Африканскиот Куп на нации се враќа во Мароко после 35 години

Африканскиот Куп на нации се враќа во Мароко по цели 35 години, јавуваат повеќе светски медиуми.

Земјата чиј национален тим стигна до полуфиналето на последното Светско првенство, ја доби организацијата на Купот на нации кој ќе се одржи во 2025 година.

Во игра за домаќинство на големиот настан беа уште Алжир, Замбија, Бенин и Нигерија, но овие држави во последен момент се откажаа од кандидатурата.

Мароко исто така е во комбинација за ко-домаќин на Мундијалот во 2030 година и ќе поднесе заедничка кандидатура со Шпанија и Португалија, а доколку ФИФА даде „зелено светло“, тоа би било прво Светско првенство кое ќе се одржи на два различни континенти.

Што се однесува до Африканскиот куп на нации во 2027 година, земји-домаќини ќе бидат Кенија, Танзанија и Уганда, кои се „натпреваруваа“ со уште едно трио – Боцвана, Египет и Сенегал. Актуелен освојувач на Африканскиот куп на нации е репрезентацијата на Сенегал, а овогодинешното издание ќе се одржи во Брегот на Слоновата Коска.