понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалската репрезентација ќе ги добие ривалите во УЕФА Лигата на нации од третиот шешир

Фудбалската репрезентација ќе ги добие ривалите во УЕФА Лигата на нации од третиот шешир

Одредени се шеширите за следниот циклус од УЕФА Лигата на нации 2024/2025, а македонската фудбалска А репрезентација повторно ќе настапи во Ц дивизијата.

Нашите најдобри фудбалери преку ова натпреварување ќе се обидат да обезбедат пласман на Светското првенство 2026 година кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

Согласно остварените резултати од сезоната 2022/2023, Македонија е во третиот шешир заедно со Северна Ирска, Словачка и Фарски Острови кои не можат да ни бидат ривали.

Во минатото издание за ЕП 2024, го освоивме само третото место со двете победи над Гибралтар, што беше доволно само за опстанок во дивизијата Ц. Грузија во таа група заврши прва, а Бугарија втора на табелата.

Жрепката за новото издание е закажана за 8 февруари 2024 година, во продолжение погледнете ги сите четири шешири од дивизијата „Ц“:

1 шешир: Романија, Шведска, Ерменија, Русија
2 шешир: Луксембург, Азербејџан, Косов, Бугарија
3 шешир: Фарски Острови, Македонија, Словачка, Северна Ирска
4 шешир: Гибралар/Кипар, Литванија/Белорусија, Естонија, Летонија

Новата сезона во УЕФА Лигата на нации треба да започне во септември 2024 година, а ќе заврши со доигрувањето, плеј-оф мечевите во март 2025 година. По одлуката на следниот Мундијал да има 48 репрезентации, Европа ќе има 16 места.