сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Првото сослушување во истрагата за импичмент на Бајден ќе се одржи денеска

Првото сослушување во истрагата за импичмент на Бајден ќе се одржи денеска

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, предводен од републиканците, денеска ќе го одржи првото сослушување во рамки на истрагата, што евентуално може да доведе до гласање за импичментот на претседателпт Џо Бајден, кој е од редовите на Демократската партија.

Сослушувањето на Комисијата за надзор и одговорност при Претставничкиот дом веројатно нема да открие нови информации за финансиските врски на Бајден со неговиот син Хантер Бајден (53), кој бил дел од бројни меѓународни деловни потфати додека се борел со зависноста од дрога и алкохол.  Наместо тоа, според оценката на повеќе аналитичари, сослушувањето ќе послужи како еден вид оправдување за истрагата.

Претседателот на Комисијата за надзор и одговорност Џејмс Комер рече дека сослушувањето ќе „ја испита вредноста на истрагата за импичмент и ќе ги презентира доказите што републиканците во Претставничкиот дом ги откриле досега во врска со знаењето и улогата на претседателот Џо Бајден во домашните и меѓународните деловни практики на неговото семејство“.

„Тоа ќе вклучува сведочење на четворица сведоци, од кои тројца избрани од републиканците и ќе ги разгледаат „злосторствата што можеби ги извршиле Џо и Хантер Бајден“, рече пратеникот Комер од Кентаки во соопштението со кое го најави сослушувањето.

„Врз основа на доказите, Конгресот е должен да отвори истрага за импичмент за корупцијата на претседателот Бајден. Американците бараат и заслужуваат одговори, транспарентност и одговорност за оваа злоупотреба на јавната функција“, посочи Комер.  (МИА)