Првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас изјави дека е среќен што напредува случајот „Негреира“ и смета дека треба да бидат казнети сите инволвирани страни.
Барселона и двајца поранешни претседатели на клубот ќе одговараат за платите кои му биле исплатени на Негреира, односно поранешниот потпретседател на судиската комисија.
„Треба да се видат аргументите на обвинителството. Тоа што можам да го кажам е дека претресот е резултат на барањата и притисокот направен од Ла Лига. Ние сме единствени кои се јавуваме во улога на заинтересирана страна. Ла Лига не може да го направи тоа, но мислам дека со одземање бодови ќе се потврди вината на клубот“, кажа Тебас.