понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Антони помина пет часа в полиција, но се враќа во тимот на Јунајтед

Антони помина пет часа в полиција, но се враќа во тимот на Јунајтед

Бразилскиот репрезентативец Антони во вторникот се вратил во Манчестер и веднаш ѝ се ставил на располагање на британската полиција, во врска со обвиненијата за насилство од поранешната девојка Габриеле Кавалин.

Вчера, тој поминал пет часа в станица, а откако ги завршил тие обврски, најавил дека ќе му се стави на располагање на Ерик Тен Хаг, на тренинзите на Манчестер Јунајтед. И натаму тврди дека не е виновен по обвинувањата, а неговото враќање го потврди и клубот.

„Како клуб во кој Антони е вработен, Манчестер Јунајтед одлучи тој да се врати во Карингтон и да биде во селекцијата додека трае полициската истрага. Ќе го следиме натамошниот развој на ситуацијата“, стои во соопштението од Јунајтед.

Утре од 16 часот, „ѓаволите“ го дочекуваат Кристал Палас во мечот од седмото коло на Премиер лигата, а Антони нема да биде во тимот. Откако изби скандалот, тој пропушти вкупнјо четири натпревари.