На 28.09.2023 во 22:30 часот во близина на с.Голиево, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Мирковци го лишиле од слобода Р.Ш.(27) од с.Блаце, скопско, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.