На сплитската Рива, навивачката група која го поддржува Хајдук, „Торцида“, направи сцени за паметење. Ден пред големото дерби меѓу Хајдук и Динамо Загреб на Пољуд (недела, 18:00), „Торцида“ ја славеше бројката од 100.000 членови на Хајдук. Стотици факели изгореа и создадоа сцени за паметење.
Пред пиротехничкото шоу над три илјади навивачи ги исполнија трибините на помошниот терен, каде играчите на Хајдук го одработија последниот тренинг пред дербито.
30.09.2023T🇭🇷Torcida lit 1,000 torches on the Riva on the occasion of 100,000 Hajduk members https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/m8WujTB20D
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) September 30, 2023
„Пољуд“ со денови е распродаден за овој натпревар и од вторник практично нема влезници во продажба.