среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ерик Тен Хаг урна негативен рекорд стар 37 години

Ерик Тен Хаг урна негативен рекорд стар 37 години

Поразот од Галатасарај е уште еден удар за холандскиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хаг.

Манчестер Јунајтед е во голема криза, моментно е дури на 10 место во Премиер лигата, а во Лигата на шампионите во својата група е последен на табелата.

Со поразот од Галата, Тен Хаг стана првиот тренер во модерната ера на Манчестер jунајтед кој загубил шест од воведните 10 натпревари во сезоната. Олд Трафорд не го памети тоа од 1986 година, односно од доаѓањето на Алекс Фергусон на клупата.

Манчестер јунајтед во ЛШ загуби од Баерн Минхен и Галатасарај, а во Премиер лигата на седум натпревари има дури четири порази. Загуби од Кристал палас, Брајтон, Арсенал и Тотенхем. Славеше против Вулверхемптон, Нотингем форест и Барнли, а запиша и една победа во Лига купот над Кристал палас.