понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Акција за чистење на дното на Охридското Езеро, извадено поголемо количество цврст отпад

Акција за чистење на дното на Охридското Езеро, извадено поголемо количество цврст отпад

Согласно годишната програма на Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад при Општина Охрид за 2023 година, спроведена е акција за чистење на дното на Охридското Езеро на потегот пред село Пештани.

Притоа од дното на езерото е извадено поголемо количество отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња и покуќнина, информираат од Општина Охрид.

Акцијата ја спроведоа нуркачи од „Клубот за подводни активности“ од Охрид, а покрај физичкото отстранување на отпад цел на акцијата е и подигање на јавната свест на населението за потребата од грижа и заштита на Охридското Езеро од загадување.