среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Србија уапсени 22 лица, осомничени дека го оштетиле буџетот за околу 18 милиони евра

Во Србија уапсени 22 лица, осомничени дека го оштетиле буџетот за околу 18 милиони евра

Српската полиција уапси 22 лица на територијата на Носви Сад и на Субтица кои се осомничени дека како организирана криминална група, затаиле данок и го оштетиле буџетот за 2,1 милијарда динари.

Приведени се поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела здружување заради сторени кривични дела, даночно затајување и злоупотреба на положбата на одговорното лице, се вели во соопштението на тоа обвинителство.

Организатор на таа криминална група бил Р.Ш. под чија контрола работеле седум деловни субјекти во странство и седум деловни субјекти во Србија.